Новости

Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

28.3.2025

Денеска, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор Павле Трајанов.

На седницата, којашто е прва по назначување на новиот состав, националниот координатор информираше за поставеноста и дејствувањето на Националниот комитет во кој се вклучени дваесет и две институции, како и за соработката со Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), амбасадите на САД, Холандија, Германија, Велика Британија и други, како и соработката со граѓанскиот сектор.

На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Република Северна Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам.

Националниот координатор Павле Трајанов учествуваше и имаше воведно обраќање на регионален настан „Прекугранична соработка за градење отпорни заедници: вмрежување и размена на најдобри практики за борба против насилен екстремизам“

Тој истакна дека активното учество на граѓанското општество во превенцијата на насилен екстремизам е од големо значење и соработката на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам со невладиниот сектор се одвива исклучително добро и тој како национален координатор силно ја поддржува работата на невладините организации. 

Трајанов нагласи дека од шесте балкански држави Република Северна Македонија има најдобар пристап во спречување на радикализмот, насилниот екстремизам и тероризам. Државата презема комплексни активности и е добро поставена, особено во однос на функционирањето на безбедносните служби, но тој процес треба постојано да се надградува за што од големо значење е поддршката од меѓународните организации, ОБСЕ, Европската Унија, помошта од амбасадите од САД, Холандија, Италија.

Интервју на Павле Трајанов за МИА: Македонија е стабилна

„Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за поттикнување на верскиот радикализам но, тие не се толку загрижувачки. Клучен е етничкиот национализам што на еден или друг начин го поттикнуваат партиите, кој што за жал, се потврди со неодамнешните инциденти со знамињата. Генерално Македонија моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам“, вели во разговор за МИА Павле Трајанов, национален координатор за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот.

 

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

Владата на Република Северна Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 - 2027 година.

Координативен состанок на Националниот координатор за СНЕ/БПТ и претставниците од граѓанските организации

Македонското здружение на млади правници (МАЈЛА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, во рамките на проектот „Градење инклузивни и отпорни заедници“, поддржан од Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедницата – GCERF, од 11 до 13 декември 2024 година, во Охрид, одржаа координативен состанок. 

 

Експертска расправа за пост-пенален третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства

Во организација на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, се одржа експертска расправа за пост-пенален третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства

На 27.11.2024 година, во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, се одржа експертска расправа во врска со пост-пеналниот третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства.

Во расправата беа вклучени претставници од службите за безбедност, Министерство за образование, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Управата за извршување на санкции, казнено-поправните установи, како и претставници од центрите за социјални работи.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот е формиран во 2017 година со одлука на Владата на Република Северна Македонија како национално координативно тело во Република Северна Македонија со цел следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борба против тероризам и координирање на активностите на надлежните институции во Република Северна Македонија кои работат на решавањето на проблемите во оваа област...

Прочитај повеќе

Павле Трајанов 

Павле Трајанов, роден на 25.12.1952 година во Д. Радеш, Радовиш. Завршил Правен факултет, положил правосуден испит, зборува англиски, руски, српски и други јазици. 

По завршувањето на Правниот факултет, во 1977 година се вработува во МВР, каде извршува значајни работни должности и кариерата ја завршува како министер за внатрешни работи.

Бил аналитичар, началник на одделение, началник на сектор за анализирање и истражување на безбедносни појави, советник, потсекретар на Службата за јавна безбедност, помошник министер за оперативни работи и министер за внатрешни работи (1998-1999 година).

Бил активен во средношколската младина во гимназијата „Коста Сусинов“ во Радовиш, претседател на младината на Правниот факултет и претседател на младината во МВР.

Во 1989 година заедно со 7-мина припадници на МВР (т.н. „осумтемина“ од РСВР) ја најави демократската пролет во Македонија, залагајќи се за воведување на повеќе партиски систем и спротивставувајќи се Службата за државна безбедности натаму да биде ударна тупаница на Сојузот на Комунистите и инструмент за елиминирање на политичките противници. Павле Трајанов, како дел од осуммината во МВР активно се вклучува во надминување на деформациите на безбедносните служби, како и во реформирањето на МВР.

Павле Трајанов, како потсекретар за јавна безбедност има значаен придонес за осамостојувањето на Македонија (1991-1993 година), како и во борбата против криминалот, корупцијата, посебно во борбата против организираниот криминал.
Во периодот 1991-1993 година, заедно со раководството и припадниците на МВР, целокупниот безбедносен систем го вклучува за поддршка на идеите за самостојна Македонија.

Павле Трајанов ја иницира, организира и спроведува најризичната и најзначајната операција (во август 1991 година) за одземање на воената евиденција за резервниот состав од Републичкиот секретаријат за одбрана, со што спречува десетици илјади млади резервисти да бидат упатени на фронтови во Југославија.

Павле Трајанов го подготвува Договорот за дислокација на ЈНА од Република Македонија, го организира обезбедувањето на границите од страна на полицијата и силно се спротивставува на идеите и плановите на ЈНА, за воен удар во Република Македонија.

Во 1994 година, прв изјавува дека во Република Македонија има организиран криминал, во кој се вклучени носители на јавни функции, како и министри од Владата.
Во 1998-1999 година раководи со МВР (министер за внатрешни работи), при што се спротивставува на обидите за дестабилизација на Република Македонија и успешно се справува со безбедносната криза, екстремизмот и тероризмот, врши темелна реорганизација на МВР, со воведување на антитерористички центар, оддел за борба против организираниот криминал, емиграционо биро и др.

Во текот на 1999 година, под негово раководство Република Македонија прифаќа над 500.000 бегалци од Косово, ја одржува стабилноста на државата и спречува конфликтот од Косово да се прелее во Република Македонија.

Во јануари 2000 година го иницира формирањето на нова политичка партија–Демократски сојуз. На 19 март 2000 година, на Основачкото собрание на Демократскиот сојуз е избран за претседател на ДС.

Од 2006 година до 2017 и 2020 до 2024 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

Владата на Република Македонија во 2017 година го назначи Павле Трајанов за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за
намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија. На оваа позиција беше до 2020 година, кога стана пратеник во Парламентот.

Павле Трајанов е член и почесен доктор на науки на Светската академија на науките за комплексна безбедност, пишувал колумни во „Дневник“, дал над 320 интервјуа, учествувал во повеќе дебати,  одржал над 360 прес конференции и др.

Меѓу другите проекти кои ги изготвил и доставил до Собранието на Република Македонија, се вбројуваат и проектите за декриминализација „ДЕКРИ“ со кој се објавува „војна против организираниот криминал“, како и Стратегијата за фазно решавање на спорот наметнат од Република Грција околу името на нашата држава.

Павле Трајанов подготвил повеќе законски проекти меѓу кои: Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка (преиспитување на монтирани судски процеси), Закон за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција (формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и
висока корупција), како и Закон за измени на изборните правила со кој се предлага Република Македонија да биде една изборна единица.

Павле Трајанов бил член или членува во следните Собраниски тела:

  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од
  • Министерството за одбрана, заменик-член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик - член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка сo Парламентот на Народна Република Кина, член
  • Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Kомисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Конгресот на САД, член.

Павле Трајанов е наградуван и одликуван, посетувал голем број на семинари, курсеви и специјалистички обуки, меѓу кои и на семинар организиран од Европскиот Центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ во Германија и др.

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија од 1 август 2024 година Трајанов е именуван за Национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.

 

 

 

„Црвено копче“

 

 

Апликацијата “Црвено копче“ е наменета за пријавување какви било сознанија или информации од областа на злоупотреба на деца*, криминал од омраза и повикувањето на насилство, како и трговијата со луѓе.

ПРИЈАВЕТЕ ТУКА 

 

Subscribe to Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  RSS