Новости

Интервју на Павле Трајанов за МИА: Македонија е стабилна

„Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за поттикнување на верскиот радикализам но, тие не се толку загрижувачки. Клучен е етничкиот национализам што на еден или друг начин го поттикнуваат партиите, кој што за жал, се потврди со неодамнешните инциденти со знамињата. Генерално Македонија моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам“, вели во разговор за МИА Павле Трајанов, национален координатор за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот.

 

Експертска расправа за пост-пенален третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства

Во организација на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, се одржа експертска расправа за пост-пенален третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства

На 27.11.2024 година, во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, се одржа експертска расправа во врска со пост-пеналниот третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства.

Во расправата беа вклучени претставници од службите за безбедност, Министерство за образование, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Управата за извршување на санкции, казнено-поправните установи, како и претставници од центрите за социјални работи.

Регионална конференција за превенција од насилен екстремизам

Со цел остварување на регионална соработка на државите од Западен Балкан на 27 и 28 февруари во Скопје се одржа „Регионална конференција за превенција од насилен екстремизам и искуствата на претставници од државните институции“.

Обука за отпорност од лажни вести и комуникација во криза

Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, во периодот од 21 до 23 февруари организираше тридневна обука за членовите на Националниот комитет на тема Комуникациски вештини, односи со медиумите, отпорност на лажни вести и комуникација во криза.

Координативна работилница на Националниот координатор за СНЕ/БПТ и претставниците од невладиниот сектор

Од 20 до 22 декември 2023 година, се одржа координативна работилница на националниот координатор и членовите на Интер-ресорската работна група за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на повратници од странски војски и членови на нивните семејства и претставници од невладините организации кои учествуваат во овој процес.

Одржан е дводневен состанок на Одборот на Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедницата - ГЦЕРФ

Од 29-ти до 30-ти ноември 2023 година се одржа дводневен состанок на Одборот на ГЦЕРФ во Женева, Швајцарија, каде претставници од 37 земји од светот разменија идеи и искуства во врска со справувањето со насилен екстремизам, тероризам и радикализација. Состанокот беше фокусиран на разработување на стратегии и проекти што ќе го подобрат глобалниот одговор на овие предизвици.

Успешно реализирана работилница за програмата за реинтеграција преку рехабилитација и ресоцијализација на повратници од конфликтни подрачја и членови на нивните семејства во Република Северна Македонија во системот за социјална заштита

Во период од 20ти до 22ри ноември 2023 година, Националниот комитет за спречување насилен некстремизам и борба против тероризам во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ) одржа успешна работилница во рамките на Програмата за реинтеграција преку рехабилитација и ресоцијализација во Република Северна Македонија. Оваа иницијатива беше насочена кон повратници од конфликтни подрачја и членови на нивните семејства, со посебен акцент кон жените и децата, со цел да се поддржи нивната успешна интеграција во системот за социјална заштита и безбедност.

Одржана петтата седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам

На 17 ноември 2023 година се одржа петтата седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.

Во Скопје се одржа обука за стратешка комуникација на тема “Отпорност и реинтеграција, справување со странски терористички борци на Балканот со особен фокус на жените и децата”

Во рамките на проектот Mрежа за подигање на свеста за радикализација -РАН, Европската комисија на 15 и 16 ноември организираше обука во Скопје за Стратешка комуникација на тема: Отпорност и реинтеграција, справување со странски терористички борци на Балканот со особен фокус на жените и децата.

Брифинг со новинари

 На 1 ноември 2023 година Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, одржа брифинг со новинари од националните македонски телевизии и социјални медиуми. 

 

 

 

Pages

Subscribe to RSS - Новости