Новости

Регионална конференција на тема „Ресоцијализација и рехабилитација на повратниците од конфликтните зони – безбедносни и социјални предизвици“

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски учествуваше и се обрати на регионалната конференција на тема „Ресоцијализација и рехабилитација на повратниците од конфликтните зони – безбедносни и социјални предизвици“ што се одржа на 26 октомври во Сараево, Босна и Херцеговина.

Заменик националниот координатор за спречување на насилен екстремизам оствари средба со претставник на Стејт департментот

Заменик националниот  координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази, оствари средба со Лесли Мурман, претставник на Канцеларијата за верските слободи на Стејт департментот и политичкиот советник на амбасадата на САД, Адриан Исмаили.

Одржана четвртата седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на  7-ми јуни 2023 година, ја одржа својата четврта седница.

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

Владата на Република Северна Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 - 2027 година.

Претставници на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам остварија студиска посета на Кралството Холандија

Насилниот екстремизам кој може да води кон тероризам е појава кој изискува сериозен пристап на секоја земја поединечно, но за поуспешно справување со овој феномен потребна е како регионална така и меѓународна соработка. 

Остварена средба помеѓу националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Република Северна Македонија и директорот на центарот за борба против насилен екстремизам на Република Албанија

 На иницијатива на директорот на Координативниот центар за борба против насилен екстремизам на Република Албанија, се одржа средба помеѓу координативните национални тела за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на двете земји.

Одржана работилница „Улогата на жената во спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“

Канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во соработка со холандскиот Центар за меѓународна правна соработка CILC, организираа работилница на тема „Улогата на жената во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на средба со претставници на Европската комисија

Во просториите на Владата на Република Северна Македонија, националниот координатор за спречување за насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски и неговите заменици Џеладин Ајвази и Златко Арсов, имаа неколку часовна средба со претставници на Европската комисија.

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, на регионална средба во Тирана

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски и заменикот национален координатор за спречување на насилен екстремизам Џеладин Ајвази, присуствуваа на средба од регионален карактер во Тирана, Република Албанија.

Успешно реализиран твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“

Националниот координатор и претставници на националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, присуствуваа на завршниот настан од твининг проектот "Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризам".

Pages

Subscribe to RSS - Новости