Новости

Регионалната соработка за спречување на насилниот екстремизам е повеќе од потребна

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, оствари средба со амбасадорот на Република Хрватска во Република Северна Македонија Нивес Тигањ.

На средбата се разговараше за актуелните теми од областа на насилниот екстремизам и борбата против тероризам, во насока дека овие прашања го засегаат поширокиот регион и дека регионалната соработка е повеќе од потребна за успешно справување со актуелните предизвици.

 

 

Во Италија се валидирааат Стандардните оперативни процедури за Националниот акциски тим за борба против тероризам на Северна Македонија

 

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски, е во студиски престој во Виченца, Република Италија, во рамките на ЕУ Твининг Проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.

 

Владата со надлежните институции и јавниот сектор се договорија да ја превенираат и спречуваат онлајн радикализацијата

Имајќи предвид дека радикализацијата преку интернет e феномен кој е во постојан развој, како на меѓународно ниво така и во нашата земја, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, веднаш ја препозна потребата и ја поддржа идејата за подготовка на ваков вид на документ, предвиден во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на капацитетите за превенција/спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот", финансиран од Европската Унија.

Започнуваат активностите за креирање на новите четиригодишни национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа седница со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски и на којашто се разгледаа претстојните активности за подготовка на новите четиригодишни предлог - национални стратегии на Република Северна Македонија, едната за спречување на насилен екстремизам и другата за борба против тероризам, со акциски планови за нивна имплементација.

Одржана втората седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ја одржа својата втора седница со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски.

Одржана Донаторска конференција во организација на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во просториите на Владата на Република Северна Македонија, одржа донаторска конференција на која присуствуваа претставници од меѓународните организации и дипломатските претставништва.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ќе соработува со граѓанските организации на реинтеграција на повратниците

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам заедно со граѓанските организации кои се дел од  конзорциумите на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Македонското здружение на млади правници, одржаа дводневна работилница.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ја одржа својата прва седница со новиот состав

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денеска ја одржа првата седница на новиот состав со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски.

Одржани интерактивни дискусии на тема „Приоритети и предлози за Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам (2022 – 2026)“

Во насока на подготовка на новите стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам (2022–2026), Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа три работилници.

Pages

Subscribe to RSS - Новости