Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам


Телефон за контакт: +389(0)2 3213-940, локал 278 Е-маил: zlatko.apostoloski@gs.gov.mk

 

Златко Апостолски е роден на 20 март 1963 година во с.Брезница, Македонски Брод. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за безбедност во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Од 1987 година бил работно ангажиран во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, и тоа: во Управата за безбедност и контраразузнавање (1987-2006), на повеќе работни позиции, меѓу кои и началник на Одделот за анализа и истражување, и во Бирото за јавна безбедност (2006-2017), во делот на криминалистичките работи и Гранична полиција.

На 04.08.2017 година, со Одлука на Владата на Република Македонија именуван е за заменик национален координатор за борба против тероризам. На 28.1.2020 година, со Решение на Владата на Република Северна Македонија именуван е за секретар на Канцеларијата на Советот за координација на безбедносно – разузнавачката заедница.

Од 1 август 2021 година со Решение на Владата на Република Северна Македонија именуван е за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.