Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот е формиран во 2017 година со одлука на Владата на Република Северна Македонија како национално координативно тело во Република Северна Македонија со цел следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борба против тероризам и координирање на активностите на надлежните институции во Република Северна Македонија кои работат на решавањето на проблемите во оваа област.
Националниот комитет постојано го сочинуваат вкупно четириесет и седум членови. Стручно-административните работи на Националниот комитет, на Националниот координатор и замениците на Националниот координатор, ги врши секретарот на Нациoналниот комитет кој е претставник од Министерството за внатрешни работи.
Членовите, замениците на членовите и секретарот на Националниот комитет се назначуваат од страна на Владата на Република Северна Македонија за време од четири години со можност за повторно назначување.
Во комитетот членуваат претставници од дваесет и две институции на Република Северна Македонија:
1. Министерството за внатрешни работи;
2. Министерството за одбрана;
3. Министерството за правда;
4. Министерството за правда - Управа за извршување на санкциите;
5. Министерството за надворешни работи;
6. Министерството за локална самоуправа;
7. Министерството за труд и социјална политика;
8. Министерството за образование и наука;
9. Министерството за здравство;
10. Министерството за информатичко општество и администрација;
11. Министерството за транспорт и врски;
12. Министерството за финансии -Управа за финансиско разузнавање;
13. Министерството за финансии - Управа за финансиска полиција;
14. Министерството за финансии - Царинска управа;
15. Агенцијата за разузнавање;
16. Агенција за национална безбедност;
17. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција;
18. Центарот за управување со кризи;
19. Дирекцијата за заштита и спасување;
20. Агенцијата за електронски комуникации;
21. Агенцијата за млади и спорт и
22. Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи