Телефон за контакт: +389(0)2 3213-940, локал 221 Е-маил: zlatko.arsov@gs.gov.mk
Златко Арсов е роден на 8 јуни 1964 година, во Берово.
Дипломирал во 1989 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје.
Во периодот од 1991 до 2019 година бил работно ангажиран во Министерството за внатрешни работи, во Управата за безбедност и контраразузнавање како и во Бирото за јавна безбедност, на повеќе работни и раководни позиции.
Од 2019 до 2021 година работно е ангажиран во Агенцијата за национална безбедност како помошник на директорот.
На 1 август 2021 година со Одлука на Владата на Република Северна Македонија е именуван за Заменик национален координатор за борба против тероризмот.