Регионална конференција на тема „Ресоцијализација и рехабилитација на повратниците од конфликтните зони – безбедносни и социјални предизвици“

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, учествуваше и се обрати  на регионалната  конференција  на тема „Ресоцијализација и рехабилитација на повратниците од конфликтните зони – безбедносни и социјални предизвици“, што се одржа на 26 октомври во Сараево, Босна и Херцеговина. Конференцијата ја организираше здружението на граѓани Атлантска иницијатива од Сараево, а во рамките на проектот: „Превенција од радикализација, насилен  екстремизам и борба против тероризам“.

Целта на конференцијата беше да се разменат регионалните искуства и да се мапираат најдобрите регионални практики во работата со повратниците и нивните семејства од конфликтните зони.

Своите искуства ги пренесоа експертите од регионот на Западен Балкан, Босна и Херцеговина,  Албанија,  Косово и Македонија.

Националниот координатор го сподели  искуството со активностите  кои Република Северна Македонија ги презема во процесот на рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на повратниците и нивните семејства и посочи кои се предизвиците во овој процес.

На конференцијата се согледаа предностите и недостатоците на процесите, а беа донесени  заклучоци кои треба да послужат во планирањето и реализација на следните активности во процесот на рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на земјите од Западен Балкан.

 

Новости: