Канцеларијата на националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во соработка со холандскиот Центар за меѓународна правна соработка CILC, организираа работилница на тема „Улогата на жената во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.
На настанот имаше обраќање националниот виш јавен обвинител во Кралството Холандија, Сајмон Минкс, чија специјалност е водење на процеси од областа на борбата против тероризмот и воените злосторства. Гостинот преку конкретни случаеви од неговата пракса го претстави правниот систем во неговата земја и во интерактивна комуникација со присутните претставници на македонските институции се споделија сличностите, разликите, силните и слабите страни на системите со заклучок дека секогаш постои простор за надоградување на досегашните искуства.
Жената во спречувањето и нејзината улога во борбата против тероризмот пронаоѓајќи ги причините и нејзината мотивација за нејзинотo присуство во конфликтните подрачја беа само дел од сеопфатното обраќање, на втората говорничка на настанот, Мерал Мусли Тајроска, претставничка од невладината организација Плејадес.
Дали некоја жена треба да се третира како сторител или жртва, каков треба да биде пристапот и перцепцијата кон нејзиното присуство во воените подрачја е прашање која постојано се појавува и во двете општества и секогаш ќе биде интересна тема за дискусија помеѓу професиите кои се стручни во оваа област, констатираа присутните.
Соработката на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот со Центарот за меѓународна правна соработка како и со други организации и институции од Кралството Холандија ќе продолжи и во иднина преку различни веќе договорени проекти и активности.