Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ја одржа својата втора седница со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски.
На седницата беа разгледани повеќе активности кои претстојат на националниот комитет со ставање приоритет на изготвувањето на стратешките документи, Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам и Националната стратегија за борба против тероризам 2022 – 2026 година и нивните пропратни акциски планови.
Присутните се согласија дека за изготвување на овие стратешки документи потребен е сериозен пристап и дека за успешна имплементација на оваа задача, неопходна е целосна и активна инволвираност како од страна на државните институции така и од другите општествени чинители.
Покрај другите членови на комитетот, на седницата присуствуваа и заменикот на националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази и заменикот на националниот координатор за борба против тероризам, Златко Арсов.