Заменик националниот координатор за спречување на насилен екстремизам оствари средба со претставник на Стејт департментот

Заменик националниот  координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази, оствари средба со Лесли Мурман, претставник на Канцеларијата за верските слободи на Стејт департментот и политичкиот советник на амбасадата на САД, Адриан Исмаили.

Состанокот претставуваше можност за отворена и конструктивна дискусија со претставничката на слободи на Стејт департментот, на тема почитувањето на верските слободи и права, општествената свест, за нивното значење во Република Северна Македонија. 

Заменик националниот координатор, ја презентираше правната и институционалната рамка  на Република Северна Македонија и досегашните искуства со кои се соочува Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам по ова прашање.

Процесот на реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитацијата за чија координација е задолжен Националниот комитет,  е само еден од повеќето предизвици на ова тело, посочен на состанокот, каде посебно се дава на значење на верските слободи и човековите права на повратниците, странски борци и нивните семејства. Процесот на реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација во Република Северна Македонија, се спроведува во согласност со Националниот план и Стандардните оперативни процедури.

Заменик националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, при своето излагање, исто така посочи дека претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква како и Еврејската заедница беа вклучени и при изработката на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и пропратните Акциските планови 2023-2027 година, каде е предвидена и нивна континуирана присутност при имплементацијата на овие државни стратешки документи.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам како координативно тело, ќе продолжи да иницира соработка помеѓу сите општествени чинители односно државните институции, верските заедници и граѓанските организации за промовирање, разбирање и дијалог во општеството.

На состанокот констатирано е  дека високиот степен на почитувањето на верските слободи и човековите права, претставува еден од главните вредности на секое демократско општество и е од витална улога во поттикнувањето на социјалната хармонија, мирот и просперитетот. Колку ѝ  да се оценува дека овој процес е на задоволително ниво, стремежот за негово континуирано подобрување и во иднина ќе претставува значаен предизвик.