Во рамките на проектот Mрежа за подигање на свеста за радикализација -РАН, Европската комисија на 15-ти и 16-ти ноември организираше обука во Скопје за стратешка комуникација на тема „Отпорност и реинтеграција, справување со странски терористички борци на Балканот со особен фокус на жените и децата“.
На обуката се обрати националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, а покрај претставници од Република Северна Македонија имаше претставници од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Целта на обуката беше да се помогне дијалогот и размената на искуства кај стручните лица и владините претставници од Западниот Балкан со фокус на конкретните принципи на ефективната стратешка комуникација, а улогата беше главно ставена на стратешките комуникации во справувањето со странските терористички борци (СТБ), со особен фокус на жените и децата.
Стручните лица кои беа присутни дискутираа за регионалните динамики, контекстуалните фактори и пречките поврзани со странските терористички борци и нивните семејства.
За ефективно да се преточат стратегиите за комуникација во практични дејствија, на обуката „Отпорност и реинтеграција: справување со странски терористички борци на Балканот, со особен фокус на жените и децата“, беа собрани креатори на политики и стручни лица од академската заедница и граѓанското општество од Западниот Балкан и државите на Европската унија.