Одржана петтата седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам

На 17 ноември 2023 година се одржа петтата седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски ја водеше седницата,  a присутни беа земеник координаторите за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам како и претставниците од државните институции кои партиципираат во Националниот комитет.

На седницата се разгледуваше деловникот за работа на Националниот комитет спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам како и реализацијата на активностите од акциските планови на новите Национални стратегии за СНЕ/БПТ (2023-2027).

Присутните се согласија дека реализацијата на активностите наведени во новите акциски планови остануваат приоритет на институциите  и ќе се работи посветено на нив во наредниот период.