Одржан е дводневен состанок на Одборот на Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедницата - ГЦЕРФ

Од 29-ти до 30-ти ноември 2023 година се одржа дводневен состанок на Одборот на Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедницата - ГЦЕРФ во Женева, каде претставници од 37 земји од светот разменија идеи и искуства во врска со справувањето со насилен екстремизам, тероризам и радикализација. Состанокот беше фокусиран на разработување на стратегии и проекти што ќе го подобрат глобалниот одговор на овие предизвици.

Еден од клучните аспекти на дискусиите беше планот за имплементација на стратегијата на ГЦЕРФ, со фокус на подигање на отпорноста на заедниците и ангажман на глобално ниво. Делегациите разменија најдобри практики и успешни искуства во реализацијата на проекти кои што можат да ги применат и другите земји.

На овој состанок се истакна важноста од потребата за меѓународната соработка и координација помеѓу земјите, институциите и невладините организации во борбата против овие глобални феномени. Претставниците дадоа осврт и анализа на актуелната состојба во светот и разговараа за нови начини за подобрување на стратегиите и техниките за превенција.

Специфичните потреби на државите беа внимателно истражени и делегациите разговараа за начините како ГЦЕРФ може да ги поддржи различните заедници во нивните напори во реализација на наведените потреби.

Сите членови на Одборот на ГЦЕРФ се согласија и во иднина да продолжат да работат на подигање на свест и одговорност кон предизвиците што ги предизвикува насилниот екстремизам, тероризам и радикализацијата.