Успешно реализирана работилница за програмата за реинтеграција преку рехабилитација и ресоцијализација на повратници од конфликтни подрачја и членови на нивните семејства во Република Северна Македонија во системот за социјална заштита

Во период од 20ти до 22ри ноември 2023 година, Националниот комитет за спречување насилен некстремизам и борба против тероризам во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ) одржа успешна работилница во рамките на Програмата за реинтеграција преку рехабилитација и ресоцијализација во Република Северна Македонија. Оваа иницијатива беше насочена кон повратници од конфликтни подрачја и членови на нивните семејства, со посебен акцент кон жените и децата, со цел да се поддржи нивната успешна интеграција во системот за социјална заштита и безбедност.

Процесот на изработка на двата документи беше остварен преку активна соработка помеѓу националниот и меѓународниот експертски тим, во соработка со канцеларијата на Националниот координатор, Министерството за труд и социјална политика, како и со практичарите од Локалните мултидисциплинарни тимови. Оваа тимска соработка обезбеди детална и комплексна анализа на Индикаторите за реинтеграција, обезбедувајќи го квалитетот и релевантноста на документите.

Целта на програмата е да се олесни транзицијата на поединецот назад во општеството, да ги зајакне капацитетите на институциите на локално ниво и да ја олесни одржливоста на реинтеграцијата. Работилницата го обедини различното искуство и ентузијазмот на учесниците на работилницата.

Во конечниот резултат, работилницата не само што ги поддржа учесниците во процесот на реинтеграција, туку и креираше трајни врски помеѓу различните актери во областа на социјалната заштита и безбедност. Овој напредок ќе има долгорочен позитивен ефект врз интеграцијата и на повратниците и нивните семејства во Република Северна Македонија.