Од 20 до 22 декември 2023 година, се одржа координативна работилница на националниот координатор и членовите на Интер-ресорската работна група за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на повратници од странски војски и членови на нивните семејства и претставници од невладините организации кои учествуваат во овој процес.
Националниот координатор, Златко Апостолоски, се осврна на резултатите и предизвиците во процесот на рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во текот на 2023 година. Претставниците од невладиниот сектор ги презентираа своите активности во изминатата година како и постигнатите резултати.
На работилницата се споделија и позитивни искуства од досегашната соработка помеѓу граѓанските организации и државните институции како и предизвиците и можностите во понатамошната работа.
Националниот комитет останува посветен на координацијата на институциите и граѓанските организации со цел остварување на превенција од насилен екстремизам.