Експертска расправа за пост-пенален третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства

Во организација на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, се одржа експертска расправа за пост-пенален третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства

На 27.11.2024 година, во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, се одржа експертска расправа во врска со пост-пеналниот третман на повратниците од Сирија и Ирак и членови на нивните семејства.

Во расправата беа вклучени претставници од службите за безбедност, Министерство за образование, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Управата за извршување на санкции, казнено-поправните установи, како и претставници од центрите за социјални работи.

Анализата покажа дека системот дава позитивни резултати, но треба да се надоградува, посебно околу меѓуинституционалната соработка, размената на информации и процесот на реинтеграција.

На расправата воведно излагање имаше Павле Трајанов, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, како и Сара Рекар, проектен менаџер за соработка во областа на полицијата и лишувањето од слобода на Советот на Европа.

По расправата се донесени заклучоци, меѓу кои и да се подготват насоки за поедноставување на постапката за поефикасно вклучување на сите субјекти и мултидисциплинарниот пристап.