Националниот координатор Трајанов учествуваше и се обрати на состанок на 17-та Регионалната мрежа на национални координатори за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам за Западен Балкан

На 10 и11 април 2025 година во Подгорица, Црна Гора се одржа состанок на 17-та Регионалната мрежа на национални координатори за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам за Западен Балкан на кој учествуваше Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам на Република Северна Македонија, Павле Трајанов.

Настанот го отвориja регионалниот советник за борба против тероризам и безбедност од ЕУ, со седиште во Босна и Херцеговина, Еди Гриф и координаторот за СНЕ/БПТ на Црна Гора, Драгана Кaзанегра. Целта на состанокот беше ажурирање на активностите од Заедничкиот акциски план за борба против тероризам помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската комисија, како и дефинирање на следните чекори од новиот акциски план (Патоказ) кој треба да биде потпишан во октомври 2025 година.

Националниот координатор Павле Трајанов имаше обраќање за состојбата и реализираните активности кои се преземаат од Северна Македонија во областа на спречување насилен екстремизам и тероризам. Република Северна Македонија презема комплексни и сеопфатни мерки за спречување на радикализација, спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Трајанов нагласи дека Република Северна Македонија е стабилна и нивото на загрозеност од терористички закани е ниско.

Претставниците од Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина исто така се осврнаа на реализираните активности во нивните држави.

На состанокот се разговараше и за проектите за критична инфраструктура, дерадикализацијата во затвори, како и РАН проектот на Европската комисија-Мрежа за подигање на свеста за радикализација.

На состанокот присуствуваа и претставници од Европската комисија, ЕВРОПОЛ, од фондациите ГЦЕРФ, Хедаја, холандската Амбасада, Делегацијата на ЕУ во Скопје и други.