Новости

Нова закана е институционалниот тероризам, фарми на тролови/ботови последниве години шират незадоволство на социјалните мрежи, капацитетите на државите слабеат

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Павле Трајанов, во интервју за СДК.МК, предупредува на растечки и загрижувачки феномен што тој го нарекува „институционален тероризам“ или „институционален радикализам“, каде што групи, претежно составени од млади луѓе, се организираат на социјалните мрежи со цел да ги поткопаат државните институции и политики.

Состанок на националните координатори за борба против тероризмот

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Павле Трајанов, учествуваше и имаше свое обраќање на 18-ти состанок на Регионалната мрежа на национални координатори за борба против тероризмот, кој на 15 октомври 2025 година се одржа во Скопје.

 

Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко

  15.7.2025

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста на државата. Денешната седница ја третираме не само како координациска, туку како суштинска точка во еден поширок напор, напор да создадеме систем што ќе ги препознава ризиците на време, ќе реагира ефикасно и ќе обезбеди долгорочна заштита на граѓаните.

Трајанов во интервју за Рес публика: Македонија е изложена на обиди за влијание на внатрешните состојби

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам Павле Трајанов даде интервју за Рес публика, академски блог на Институтот за комуникациски студии, во кое говореше за странските влијанија врз земјите и манипулацијата со информации од надворешни актери и за тоа колку е Македонија изложена на такви процеси. Тој вели дека државата се соочува со сериозни активности за создавање несигурност и недоверба кон државата и виталните институции и смета дека има синхронизирано дејствување меѓу странски служби со опозициски партии. Тој зборуваше и за кампањата од Бугарија, колку се основани оцените во извештајот на Вајц за српско и кинеско влијание и за Интернетот како платформа за остварување на такви цели.

Националниот координатор учествуваше и се обрати на координативниот состанок помеѓу Националниот комитет и граѓанските организации

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Павле Трајанов учествуваше и имаше обраќање на координативниот состанок, кој што Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, го организираше на 2 и 3 јуни 2025 година, во Струмица.

Националниот координатор Трајанов учествуваше и се обрати на состанок на 17-та Регионалната мрежа на национални координатори за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам за Западен Балкан

На 10 и11 април 2025 година во Подгорица, Црна Гора се одржа состанок на 17-та Регионалната мрежа на национални координатори за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам за Западен Балкан на кој учествуваше Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам на Република Северна Македонија, Павле Трајанов.

Јавен повик на ГЦЕРФ

22.4.2025

Глобален фонд за вклучување и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) е фонд кој поддржува проекти во врска со спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот во повеќе држави, вклучително и во Република Северна Македонија.

Во оваа насока се остварува тесна соработка и со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

28.3.2025

Денеска, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор Павле Трајанов.

На седницата, којашто е прва по назначување на новиот состав, националниот координатор информираше за поставеноста и дејствувањето на Националниот комитет во кој се вклучени дваесет и две институции, како и за соработката со Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), амбасадите на САД, Холандија, Германија, Велика Британија и други, како и соработката со граѓанскиот сектор.

На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Република Северна Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам.

Националниот координатор Павле Трајанов учествуваше и имаше воведно обраќање на регионален настан „Прекугранична соработка за градење отпорни заедници: вмрежување и размена на најдобри практики за борба против насилен екстремизам“

Тој истакна дека активното учество на граѓанското општество во превенцијата на насилен екстремизам е од големо значење и соработката на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам со невладиниот сектор се одвива исклучително добро и тој како национален координатор силно ја поддржува работата на невладините организации. 

Трајанов нагласи дека од шесте балкански држави Република Северна Македонија има најдобар пристап во спречување на радикализмот, насилниот екстремизам и тероризам. Државата презема комплексни активности и е добро поставена, особено во однос на функционирањето на безбедносните служби, но тој процес треба постојано да се надградува за што од големо значење е поддршката од меѓународните организации, ОБСЕ, Европската Унија, помошта од амбасадите од САД, Холандија, Италија.

Координативен состанок на Националниот координатор за СНЕ/БПТ и претставниците од граѓанските организации

Македонското здружение на млади правници (МАЈЛА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, во рамките на проектот „Градење инклузивни и отпорни заедници“, поддржан од Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедницата – GCERF, од 11 до 13 декември 2024 година, во Охрид, одржаа координативен состанок. 

 

Pages

Subscribe to RSS - Новости