Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот е формиран во 2017 година со одлука на Владата на Република Северна Македонија како национално координативно тело во Република Северна Македонија со цел следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борба против тероризам и координирање на активностите на надлежните институции во Република Северна Македонија кои работат на решавањето на проблемите во оваа област.
Националниот комитет постојано го сочинуваат вкупно четириесет и седум членови. Стручно-административните работи на Националниот комитет, на Националниот координатор и замениците на Националниот координатор, ги врши секретарот на Нациoналниот комитет кој е претставник од Министерството за внатрешни работи.
Членовите, замениците на членовите и секретарот на Националниот комитет се назначуваат од страна на Владата на Република Северна Македонија за време од четири години со можност за повторно назначување.
Во комитетот членуваат претставници од дваесет и две институции на Република Северна Македонија:
-
Министерство за внатрешни работи
-
Министерство за одбрана
-
Министерство за правда
-
Министерство за правда – Управа за извршување на санкциите
-
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
-
Министерство за локална самоуправа
-
Министерство за социјална политика, демографија и млади
-
Министерство за образование и наука
-
Министерство за здравство
-
Министерство за јавна администрација
-
Министерство за транспорт
-
Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање
-
Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
-
Министерство за финансии – Царинска управа
-
Министерство за спорт
-
Агенција за разузнавање
-
Агенција за национална безбедност
-
Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Центар за управување со кризи
-
Дирекција за заштита и спасување
-
Агенција за електронски комуникации
-
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи