ЗА КОМИТЕТОТ

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот е формиран во 2017 година со одлука на Владата на Република Северна Македонија како национално координативно тело во Република Северна Македонија со цел следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борба против тероризам и координирање на активностите на надлежните институции во Република Северна Македонија кои работат на решавањето на проблемите во оваа област.

 

Националниот комитет постојано го сочинуваат вкупно четириесет и седум членови. Стручно-административните работи на Националниот комитет, на Националниот координатор и замениците на Националниот координатор, ги врши секретарот на Нациoналниот комитет кој е претставник од Министерството за внатрешни работи.

 

Членовите, замениците на членовите и секретарот на Националниот комитет се назначуваат од страна на Владата на Република Северна Македонија за време од четири години со можност за повторно назначување.

 

Во комитетот членуваат претставници од дваесет и две институции на Република Северна Македонија:

  1. Министерство за внатрешни работи

  2. Министерство за одбрана

  3. Министерство за правда

  4. Министерство за правда – Управа за извршување на санкциите

  5. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

  6. Министерство за локална самоуправа

  7. Министерство за социјална политика, демографија и млади

  8. Министерство за образование и наука

  9. Министерство за здравство

  10. Министерство за јавна администрација

  11. Министерство за транспорт

  12. Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање

  13. Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција

  14. Министерство за финансии – Царинска управа

  15. Министерство за спорт

  16. Агенција за разузнавање

  17. Агенција за национална безбедност

  18. Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

  19. Центар за управување со кризи

  20. Дирекција за заштита и спасување

  21. Агенција за електронски комуникации

  22. Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи

Мени за пристапност