Јавен повик на ГЦЕРФ

Институција која огласува: Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Рок на пријавување: 09/05/2025

Глобален фонд за вклучување и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) е фонд кој поддржува проекти во врска со спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот во повеќе држави, вклучително и во Република Северна Македонија.

 

Во оваа насока се остварува тесна соработка и со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

 

Покрај виталните државни институции во борбата против тероризмот се вклучени и повеќе граѓански организации, кои имплементираат голем број на проекти, преку таканаречениот „мек пристап“. Националниот комитет согласно надлежностите остварува соработка и ја насочува активноста на повеќе граѓански организации, првенствено на превентивен план, спречување на радикализација и насилен екстремизам.

 

Во функција на транспарентноста, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на веб страната го објавува Јавниот повик на ГЦЕРФ на кој можат да аплицираат невладини организации.

 

Линк до Јавниот повик: https://www.gcerf.org/call-for-eoi-north-macedonia/

Мени за пристапност