Усвоен Патоказот за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам

Денеска се одржа седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот на која се расправаше и беше усвоен Акцискиот план и Патоказот за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам (2026-2030).

Во расправата се вклучија директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, како и голем број на членови на Националниот комитет.

Со Акцискиот план се дефинирани врвните приоритети меѓу кои: јакнењето на капацитетите на институциите, спречување на онлајн радикализација и насилен екстремизам, спречување на злоупотреби на вештачката интелигенција за поттикнување и регрутација на нови радикални поединци и групи, поврзаноста на организираниот криминал и тероризмот, финансирање на тероризмот, посебно со користење на крипто валути, заштита од хибридни напади, зајакнување на отпорноста и мерки за заштита на критична инфраструктура, како и примена на нови технологии за спречување на терористички акти.

Акцискиот план и Патоказот се во функција на јакнење на мирот, стабилноста и безбедноста на Република Северна Македонија, како и на стабилноста на земјите членки на ЕУ и глобалната безбедност.

Главна определба и цел е да се гради општество во кое граѓаните ќе го отфрлат насилството за остварување на политички или социјални цели.

Со седницата претседаваше националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот Павле Трајанов, а присуствуваа директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, како и членовите на Националниот комитет.

Мени за пристапност