Национални стратегии за СНЕ и БПТ 2023-2027

Владата на Република Северна Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 - 2027 година.

Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кои не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кои не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите.

Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право.

Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи.

Национални стратегии за СНЕ и БПТ 2018 - 2022 година